Семејството на Дениса дале примерок за ДНК анализа

Семејството на 23-годишна  Дениса Маркоска, која минатиот месец исчезна од руски брод во водите на Егејското Море во близина на островот Крит, дало примероци од плунка за ДНК анализа, за да се утврди дали се совпаѓаат примероците со женското тело кое е завчера  беше пронајдено во Егејот, објави „Вест“.

odewpfkwekfpoerg

„Завчера попладнето полицијата не извести дека е пронајдено мртво женско тело и од нас побара да дадеме примероци за ДНК анализа. Вчера, за да ја дознаеме вистината, го сторивме тоа што го побараа од нас. Дали се испратени анализите и  кога ќе бидат готови резултатите, не знам. Но без оглед какви ќе бидат тамошните резултати, доколку се утврди дека телото е на Дениса, ние ќе побараме двојна истрага и од македонската полиција", изјави за „Вест“, Киро Маркоски, таткото на Дениса.

Коментари

Популарно