Џејми Оливер вработил педофил - фановите згрозени

Славниот готвач Џејми Оливер е исто така и голем хуманитарец. Познат е по тоа што сака да им помага на деца со слаб економски и социјален статус и им дава шанса на проблематични млади луѓе во неговиот ресторан да станат вистински готвачи. Но, овој пат во својот ресторан вработил педофил.

jamie-oliver

Во неговата програма „Fifteen” обично учествуваат оние кои како деца имале проблеми како на пример зависност, полесни престапи и слично. Но, неговиот најнов потег наиде на осудувања од јавноста. Имено, Дејвид Мејсон е осудуван педофил кој на 19 години силувал 12-годишно девојче, па поради тоа поминал две години во порправна институција за млади лица, а две години бил на условна казна.

article-2323321-0CB51073000005DC-240_634x469

Мејсон е слободен од оваа година, а Џејми смета дека и нему треба да му се даде втора шанса. „Беше целосно искрен за своето минато во пријавата, а ние одлучивме дека треба да му дадеме шанса бидејќи ја отслужил својата казна“, изјави портпаролот на Оливер. Многумина го осудуваат неговиот потег, бидејќи многу луѓе кои не направиле никакво злосторство и не биле насилни, сонуваат за таква шанса, а Оливер таа му ја дал на осудуван педофил.

Секоја година заинтересираноста за програмата „Fifteen” е голема. Илјадници кандидати сакаат шанса 12 месеци да работат во ресторанот од Џејми и истовремено да се образуваат со помош на експертскиот тим од Оливер. Во програмата можат да се пријават сите млади на возраст од 18 до 25 години, кои се невработени.

Коментари

Популарно