ВИДЕО: Среде читање временска прогноза му скокна куче! Погледнете!

Како да ја направиш временската прогноза на вестите поинтересна? Едноставно: Ангажирај голи презентерки, натерај ја презентерката да нацрта пенис, или пак, понеси си џиновско куче расположено за игра.

ripple-650x325

Додека презентерот се обидуваше да им соопшти на своите сограѓани од Едмонтон, Канада, какво ќе биде времето, 18-от месечниот мастиф Рипл се однесуваше… пааа… кучешки. Целта на неговото присуство беше да се промовира кампањата за посвојување на бездомните животни, ама Рипл имаше своја агенда. Тој реши дека е поважно да се промовира безгрижната игра, било каде, било кога.

Иако веќе стануваат очигледни намерите зад трендот на „непланирани случки“ при емисиите во живо, особено во вестите на западните медиуми, мораме да признаеме дека барем знаат да направат шоу.

Коментари

Популарно