Видео: Избега од Амишите за да стане модел за долна облека

Кејт Штолц е една од ѕвездите на шоуто Брејкинг Амиш ("Breaking Amish") и тука не би имало ништо необично доколку Кејт не пораснала во исклучително затворена, религиозна средина на Амишите познати по стилот на живеење, облекувањето, исхраната и односите помеѓу себе и светот кои се традиционлано задржани уште од 19 век.

amis

Спротивно на воспитувањето и стилот на живеење на нејзината средина, Кејт посакала да живее поинаку, и заминала за Њу Јорк. Таму преминала во другата крајност. Започнала кариера на фотомодел и манекенка која стандардно се слика гола, или скоро сосема разголена.

amiska

Според верувањата на Амишите, фотографирањето е ропство на суетата и грев, а Кејт одлучила не само да се

слика, туку и да рекламира долна облека. Потпишала договор со модната агенција Модел Менаџмент, и планира патување и ангажман во европските држави. Нејзиното семејство не комуницира со неа, сметаат дека направила непростливи грешки со изборот на својата професија, а таа вели дека има најдобро семејство на светот, дека сака прва во семејството да заврши факултет, и можеби еден ден да и се врати на заедницата на Амишите снимајќи нов серијал за животот на своите блиски од таа заедница.

Коментари

Популарно