Водич за женска маструбација

Љубопитни сте да осознаете нови начини на сексуално задоволство? Не можете да доживеете оргазам? Мастурбирањето е сигурен пат до оргазмот.

Untitled-129-650x325

Најпрво треба знаете дека нема ништо лошо во самозадоволувањето. Сите го прават тоа. А зошто не би го правеле? Тоа е најбезбедната и најздравата форма за секс. Нема ризик од болести, нема ризик од несакана бременост, нема грижи за тоа дали некој те сака или ќе те остави откако ќе имате секс, и најважно од се можете да доживеете оргазам секој пат.

Последната причина можеби е и најважна. Многу жени не можат да доживеат вагинален оргазам, туку доживуваат оргазам со стимулација на клиторисот. Иако има многу момчиња кои знаат како правилно да го стимулираат клиторисот (орално и со прсти), многумина од нив и не го прават тоа. Затоа девојки треба да го научите својот партнер како правилно да ве допира... но прво самите треба да дознаете како сакате да бидете допрени. Затоа мастурбирањето е многу важно!

За навистина да имате добар секс, најпрво треба да го разберете своето тело. Секоја жена е различна. Покрај малите разлики во нашата анатомија, постојат големи разлики во начинот на кој сакаме да бидеме допирани. Кога станува збор за учење на телото, нема подобар начин од мастурбирањето. Тоа е уште една добра причина да почнете да мастурбирате почесто. Ќе научите како да се задоволите себеси и како да доживувате оргазам секој пат. Секако, знаењето потоа можете да го споделите со вашиот партнер.

Маструрбирајте кога сте сами

Многу девојки не сакаат да мастурбираат додека има некој дома, бидејќи се плашат дека ќе бидат фатени „на дело“ или некој ќе ги чуе. Тоа е сосема оправдана грижа.

Затоа, обидете се да мастурбирате додека сте сами дома. Така ќе го избегнете стресот и грижата дека некој ќе ви влезе или пак дека сте премногу гласни. Почекајте да останете сами дома и почнете да фантазирате. Мастурбирајте во сите соби, па дури и во собата на вашите родители и викајте колку сакате. Наредниот пат кога ќе се најдете сами дома, не планирајте ништо. Одвојте барем еден час за самозадоволување.

Гледајте (или читајте) порно

Многу девојки мислат дека порно филмовите се само за мажи. Ако и вие го мислите истото, пробајте да гледате порно и ќе сфатите дека овие филмови само ја разгоруваат вашата фантазија и ја зголемуваат сексуалната возбуда. Колку сте повозбудени, толку подобар оргазам ќе доживеете.

Намокрете ги прстите

Почнете со лижење на прстите. Мокрите прсти ќе направат да се чувствувате како да имате орален секс. Наместо да користите лубрикат, користете ги природните течности од вашата уста. Самиот факт дека тоа се ваши течности, ќе ве возбуди повеќе од вообичано, па вашиот оргазам ќе биде посилен и побрз.

Прво споро, па потоа брзо

Сега откако си пуштивте порно и ги излижавте прстите, што е следно? Сега се почнува. Користејќи ги врвовите нежно допирајте го клиторисот со кружни движења.

Потоа доаѓа време за истражување. Пробувајте да правите различни движења додека го стимулирате клиторисот. Движете ги прстите нагоре и надолу, лизгајќи ги во и надвор од вагината. Можете да ги движите и лево десно, или нежно да го штипкате клиторисот помеѓу вашите прсти. Употребете различна брзина и различен притисок. Забрзувајте или забавувајте колку што сакате, се со цел да доживеете експлозивен оргазам.

Вашето тело самото ќе ви каже што сака, а што не. Ако нешто не ви се допаѓа, веднаш прејдете на нешто друго. Тоа барем е едноставно. Вие ја имате контролата, затоа не се форсирајте себеси да правите нешто преправајќи се дека ви се допаѓа. Наместо, прејдете на следната идеја. Сепак, се работи за вашето задоволство. Ова е време во кое ќе научите каде сакате да бидете допирани и како.

На пример, можете додека го допирате клиторисот, нежно лизгајте ги и прстите во вагината, така што ќе симулирате вагинален секс. Додека сте таму, малку свиткајте ги прстите и притиснете го ѕидот на вагината кој е свртен кон бешиката. На околу 5цм (помалку или повеќе) ќе почувствувате мала испакнатина. Тоа е Г-точката. Ако ги триете прстите на оваа точка и ја стимулирате, големи се шансите дека ќе доживеете оргазам како никогаш порано.

Не можете да ја најдете? Не грижите се, на многу не им успеало од прва. Само продолжете да се обидувате.

Сите понекогаш сакаме да се опуштиме во брзи 60 секунди, па за да можете да го постигнете тоа треба добро да се запознаете себеси.

Менувајте положби

Иако лежењето на грб е најудобната поза, пробајте да менувате различни положби, во зависност од тоа која е вашата моментална фантазија. Ако си замислувате како некој згоден дечко ве прилепува за ѕидот, станете и застанете покрој ѕидот. Потоа продолжете го дејствието на подот, на скалите, на столица, каде ќе посакате. Ова ќе ја направи вашата фантазија пореална.

Не го форсирајте оргазмот

Ако се самозадоволувате и чувствувате како тоа никаде не оди. Многу пати може едноставно да не ви оди сами со себе. Понекогаш сте под стрес, понекогаш не можете да го пронајдете вистинскиот начин на стимулација...

Важно е да знаете дека ако не успеете да доживеете оргазам, не треба да го форсирате. Форсирањето може само да ве фрустрира и може да направи да ви биде потешко и следниот пат да доживеете оргазам.

Тоа е сосема во ред. Овој пат може да го прескокнете, и да се обидете повторно во наредна прилика.

Користете ги двете раце!

Конечно, ова е најдобриот совет кој може да го добиете. Додека едната рака е зафатена, другата може да истражува. Допирајте ги вашите гради, и стимулирајте ги брадавиците. Галете го телото. Движете ги прстите полека по вашата кожа.

Верувајте, вие можете да бидете вашиот најдобар љубовник. Сакајте го вашето тело и уживајте.

ladybook.mk

Коментари

Популарно