„Жешката пица на госпоѓа Мица“ - новиот македонски порнич!

„Жешката пица на госпоѓа Мица“ е новата порносцена во продукција на „Валијант“ во која глумат македонски актери и е снимена на домашен терен, во атрактивен стан во една скопска населба. Ова е четврти проект за возрасни на Горан Милиќ, познат продуцент, режисер и сопственик на секс-шоповите „Валијант“, кој за „Дневник“ открива детали од проектот.

DC5C5D95EB54854FB6213F54B8C372F5

- Kомедијата како жанр е нов тренд во индустријата за возрасни и затоа се одлучивме за вакво сценарио. Дама од Скопје во момент на досада и монотонија во бракот, порачува пица. Во испораката момчето наоѓа добра секс-авантура. Сценариото е од секојдневниот живот. Ова може да го доживее или во најмала рака да го посакува секоја домаќинка – објаснува Милиќ.

На кастингот доминираа момчињата

Kои се ѕвездите во овој проект?

- Сите се аматери и допрва ќе видиме кој од нив има капацитет за интернационална кариера, за поголем успех во филмовите за возрасни. Kога снимавме филм со Драги Шпага, не очекувавме дека тој ќе стане толку популарен кај нас и на Балканот. Во секој момент можам да ангажирам странски актери, но идејата беше да се направи македонски проект за и ние да се пофалиме дека сме активни на ова поле. Постои голем интерес кај Македонците кои сакаат да снимаат порно филм, а тоа нам ни е особено важно.

Kако течеше кастингот?

- Имаше интересни реакции од актерите. Ова им беше прво појавување пред камера, имаа многу трема, но секако позитивна. Искрено, повеќе се пријавуваа момчиња. Девојките кај нас се посрамежливи.

Kолку е тешко кај нас да се сними еден порнофилм?

- „Секси маскенбал“, „Жена ми Мира пак мастурбира“ и „Српски калаштури“ се наши дела и се покажаа како успешни. Се надеваме на добар прием и со новото видео. Морам да признаам дека е тешко. Се работи со аматерска екипа која пред с` е егзибиционистички настроена. За време на снимањето заедно растеме и покажуваме зрелост и ние како продукција, но и самите актери. Сцените се снимаат неколку пати, повеќе денови, се враќаме назад, повторуваме сцени, но возбудливо е. Не е лесно, но ако нешто се сака, тогаш нема бариери.

7FF0850A321E134A8954C597F519B148

Првиот муштерија - нашинец од Америка

Порносцената кај нас е на маргините, иако непишано правило е дека секој барем еднаш во животот одгледал филм кој не се препорачува за помлади од 18 години.

- Ние сме мала држава и кај нас не може да има развиена порнопродукција. И на овој план сме земја во развој (се смее). Првиот македонски филм „Секси маскенбал“ излезе во 2005 година и тогаш медиумите напишаа дека почнува историјата на македонската порнографија. Хронолошки гледано, кај нас на секои три години излегува нов филм, а тоа значи дека продолжуваме понатаму. Новите промени што ги пласира индустријата за возрасни, трендот с` почесто да се снимаат кратки сцени и да се постираат на соодветни портали со таква содржина мислам дека ќе придонесе за позитивни промени и кај нас. И самите актери се чувствуваат порелаксирано кога се сконцентрирани дека снимаат сцена, отколку кога психолошки се оптоварени дека се дел од филмски проект.

Светските продукции се` повеќе промовираат порнопародии, тренд кој и Вие го прифативте. Зошто?

- Моментот кога се зборува за секс, кога „безобразно“ размислувате, едноставно ви предизвикува насмевка. Kога сувопарниот секс ќе го зачините со хумор, с` станува многу посимпатично, поопуштено и забавно. Ние и при изборот на насловите на филмовите размислуваме во таа насока. Во слободниот говор, често се случува македонскиот јазик да звучи двосмислено. „Жешката пица на госпоѓа Мица“ совршено објаснува за што зборувам.

Новото видео веќе е достапно на интернет. Kаде може да се погледне?

- Засега ексклузивно го има на нашиот нов проект - интернет-порталот sexbook.mk. Овде сцената од филмот е веќе пуштена и достапна за јавноста по принципот „плати и гледај“. Првата „нарачка“ беше од Македонец кој живее во Америка.

Коментари

Популарно