ВИДЕО: Погледнете зошто пејачката Ребека беше вистинска кралица на диското!

Ребека внесуваше динамика на македонската сцена со впечатливиот стајлинг, енергијата на сцената и забавните спотови… А тоа изгледа дека никој не може да го заборави.

nanana6

Стилистот Сергеј Варошлија со едно постаро видео што го прикачи на социјалните мрежи ни донесе една ретро нота и не потсети на едно поинакво време на македонската музичка сцена. Тој ја сподели песната „Мацо“ на Ребека, каде таа има ултра динамичен настап во својот препознатлив стил за тој период.

Во сјаен црн костим од латекс и градник од истиот материјал згодната Ребека беше вистинска дива на сцената.

Screenshot_1131

Не е воопшто чудно зошто таа го потсетила Сергеј на музичката легенда Дона Самер, која многумина ја знаат како Кралицата на диското. Дона иако почина на 63-годишна возраст во 2012-тата година остана запомнета по своите песни и темперамент.

Потсетете се на хитот на Ребека и на еден од Дона Самер!

Извор - Вистина.мк

Коментари

Популарно