Прв пат во историјата: успешно пресадено "мртво" срце

Хирурзите во Австралија успешно пресадиле ’мртво’ срце на тројца пациенти, што би можело значително да влијае врз зголемувањето на преживување на лица со тешки срцеви болести. Имено, досега беа пресадувани срца на пациенти на кои им бил ’мртов’ мозокот. Но, сега, по првпат во историјата успешно биле пресадени срца што престанале да чукаат, односно низ кои престанала да циркулира крв.

8e36a4cf93426f4ab03a647b310c876f

Во болницата Сент Винсент во Сиднеј во изминатите неколку месеци биле направени три такви операции, а последната била во средата, пишува The Australian. Двајца пациенти, 57 годишната Мишел Грибилас и 40 годишниот Јан Дамен излегле пред новинарите и докажале дека добро закрепнуваат. Ним успешно им биле пресадени срца што биле ’мртви’ половина час.

1335496253544a5b03e4d07039506793_v4 big

Питер МекДоналд, кој се наоѓа на чело на одделот за трансплантации, појасни дека срцето на пациентот што починал се става во посебен апарат заедно со неговата крв и се загрева додека повторно не почне да чука. Потоа се трансплантира на пациентот. Со ваквите зафати бројот на донатори би можел да биде многу поголем, а со самото тоа би можеле да бидат спасени многу повеќе животи. Лекарите напомнуваат дека сега треба да откријат колку време најмногу срцето може да биде мртво за да може успешно да биде трансплантирано.

Коментари

Популарно