Видео: Интервју со борец на ИСИС - еве што открива

Новинари од Вокатив договориле интервју со еден од заробените екстремисти на ИСИС во дневната соба на Шеик Хусам Атраш, командир на Слободната сириска војска. Снимање не било дозволено се додека затвореникот не си го покрил лицето, а не било познато ни неговото име - само алијасот „Абу Абдула“.

xihad

Потекнувал од Саудиска Арабија (кога арапски експерт ги прегледувал снимките, потврдил дека човекот зборувал на саудиски дијалект). Абу ја раскажал својата приказна. Слетал во Антакиа, Турција за време на ноќта. Го пречекал член на ИСИС и го прошверцувал преку границата во Сирија. Поминал 30 дена во камп за тренинг, а потоа бил префрлен во Рака, седиште на ИСИС во Сирија. Зборувал за странците во ИСИС. Има многу Саудијци, Тунижанци, Либијци. Многу Европејци, многу Американци...и шокантно, имало двојно повеќе американски жени отколку мажи, кои биле намамени во каузата за да се мажат со борците. Саудијците, Европејците и Американците имале пари, а ИСИС плаќала 100 долари месечно на секој борец. Последната станица со ИСИС му била во Алепо. Таму во битка против Џаиш ал-Муџахидеен бил заробен. Кога Слободната сириска војска зборувала со него, сфатил дека бил само жртвено јагне. Кога го прашале каков му е ставот кон САД сега, тој одговорил:

„Имам многу роднини кои студираат во САД. Некои таму живеат веќе 8 години. Немам проблем со американскиот народ. Мојот проблем е со американската политика. Имаат направено неколку грешки“.

Коментари

Популарно