Дожд и магла утрово, попладне...

vremeparkezerce1_2Денеска е вторник, 4 ноември, 308-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 57 дена.

Денот трае 10 часа и 18 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и осум минути, а заоѓа во 16 часот и 26 минути.

Месечината изгрева во 15 часот и една минута, а ќе зајде во три часот и три минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб југоисточен ветер. Претпладне ќе биде со утринска магла долж Повардарието и по некои котлините.

Температурата ќе се движи од 12 до 17 степени.

Во Скопје слично време, со температура до 14 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време. По котлините и речните долини ќе има појава на магла и ниска облачност. Кон крајот на работната недела се очекува промена на времето со засилување на ветерот и повремен локален дожд.

Коментари

Популарно