Денеска студено со магла, од утре.....

30.10.esen-1Денеска е четврток, 6 ноември, 310-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 55 дена.

Денот трае 10 часа и 13 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и десет минути, а заоѓа во 16 часот и 23 минути.

Месечината изгрева во 16 часот и 17 минути, а ќе зајде во пет часот и 22 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Долж Повардарието и во котлините ќе има услови за појава на магла која во текот на денот ќе се намалува, а преку денот ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од еден до 10, а дневната од 14 до 18 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде со појава на магла која во текот на денот ќе се намалува, а преку денот ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во наредниот период под влијание на јужно струење ќе се задржи релативно топло време, на повеќе места со зголемена облачност. Во одделни котлини и понатаму наутро ќе има појава на магла. Од петок во вечерните часови до недела претпладне ќе се задржи променливо облачно време проследено со врнежи од дожд, а врнежите пред се ќе бидат во јужните делови од земјата каде се очекуваат да бидат и пообилни.

Коментари

Популарно