Елена го затресе газето и си лапна прво место!

Македонската претставничка во музичкото шоу „Твоето лице звучи познато“, Елена Ристеска во оваа епизода беше одлична во улогата на Џенифер Лопез.

elena-risteska-dzej-lo-450x674

Елена Ристеска успеа во петата епизода од шоуто "Твоето лице звучи познато" да доминира и со 59 гласа да успее да го освои првото место. Македонската претсавничка ја имитираше сексапилната Џенифер Лопез, а жирито прокоментира дека таа изгледа и звучи многу подобро од оригиналот. Освен што одлично пее, Елена покажа и дека одлично знае да тверкува и да го тресе задникот.

014-450x300

 Парите од наградата која изнесува илјада евра, ќе ги донира во домот за деца без родители "11 октомври". Веќе следната недела Елена ќе ја видиме во улога на Харис Џиновиќ.

Коментари

Популарно