Топло, но со магла

skopje-magla1Денеска е вторник, 11 ноември, 315-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 50 дена. Денот трае 10 часа и две минути. Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и 16 минути, а заоѓа во 16 часот и 18 минути. Месечината заоѓа во 10 часот и 12 минути и повторно изгрева во 20 часот и 22 минути. Временска прогноза Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, со магла по котлините и речните долини во утринските часови. Во текот на денот маглата ќе се намалува, а ќе дува и слаб југоисточен ветер. Температурата преку денот ќе се движи од 12 до 17 степени. Во Скопје слично време, со дневна температура до 16 степени.

Коментари

Популарно