Тони Михајловски за скандалот со гласовите на Скопски

Главна вест денеска кај нас е скандалот за откриените нерегуларности при гласањето за победникот на скопскиот фестивал и преставникот за Евровизија. На темата се огласи и  популарниот актер и водител Тони Михајловски кој вчеравечер беше дел од музичкиот фестивал.

Toni-Mihajlovski-3

Актерот за Плусинфо вели дека не забележал никој да се пожали на телевоутингот, ниту било какви нерегуларности.

- Синоќа сите му честитаа на Даниел Кајмаковски за победата. Дури и видов статус кај Тамара Тодевска во кој вели, дека сега треба сите заедно да му помогнеме да се претстави на Евросонг. Поголема хармонија од тоа не постои. Никој не се пожали во бекстејџ на било какви нерегуларности. За ова што ме прашувате првпат слушам од вас - вели Михајловски.

Коментари

Популарно