Даниел Кајмакоски за местењето на гласови на Скопксиот фесивал

Македонецот кој го покори Балканот во првиот X-Factor адриа, Даниел Кајмакоски вчера освои 3.597 гласови, а од еден телефонски број можеше да се гласа само еднаш. Во изјава за Вечер Кајмакоски затечен и шокиран од целата ситуација која фрла сенка врз неговата победа вели дека ниту на него ниту на неговиот тим не им е таков принципот на работа и смета дека музиката треба да биде само убава работа, а не арена за израмнување сметки.

10384191_705646469525740_1031239986426234719_n

Кај нас Евровизија без сканадал не поминува, па така е и годинава по синоќешната победа на Даниел Кајмакоски на "Скопскиот фестовал 2014" со "Лисја есенски" со која си обезбеди учество на најголемиот европски музички натпревар.

Но последните случувања со нерегуларноста при гласањето фрлија дамка врз изборот и доведена е во прашање неговата победа, патот за Виена и наградата од 20.000 евра. Од телефонското гласање Даниел освои 3.597 гласови, а од еден телефонски број можеше да се гласа само еднаш.

„Добив покана да учествувам, ниту се туркав да влезам на фестивалот ниту молев, па зошто би местел. Ниту мене ниту на мојот тим не ни е таков принципот на работа. Луѓе да ја оставиме музиката да биде само убава работа, а не арена за израмнување сметки", вели Камакоски, кој беше затечен од нашето прашање и шокиран од целата ситуација која фрла сенка врз неговата победа.

Од МВР потврдуваат дека неколку лица се приведени само на информативен разговор и дека нема уапсени, како и дека имаат докази оти е направена измама со телефонски картички што влијаело на конечниот евровизиски исход.

Од МТВ, како организатор на Скопскиот фестивал, се уште не излегуваат со официјален став што понатаму доколку изборот биде нерегуларен.

Дел од изведувачите, пак, во прашалници и сите збунети од веста која од утрово ја тресе домашната јавност. Сите креваат раменици и велат дека ниту знаат кој би можел да мести ниту се сомневаат во некого.

Да се потсетиме на настапот на Даниел:

Коментари

Популарно