Кои се најчестите машки изговори после неверство?

Ова се најчестите изговори на мажите после неверство. Голем број на истражувања имаат потврдено дека мажите изневеруваат повеќе од жените, а овие изговори се најчесто користените.

prevara-1402775371-38896

Бев присилен на тоа

Секако дека не. Тој не е дете кое може да биде присилено на нешто, а особено не на сексуален однос со друга жена.

Сè се случи така брзо...

Уште еден чест машки изговор е дека сè се случило толку брзо, што немал време рационално да размислува. Не паѓајте на тоа.

1-astrologijata-i-sklonosta-kon-neverstvo-www.kafepauza.mk_

Немаше ништо од моја страна

Вашиот дечко тврди дека немало ништо од негова страна, туку девојката била виновна за сè. Тоа само значи дека бил свесен за чувствата на таа девојка спрема него, и ги искористил.

Се случи само еднаш

Тоа е првото нешто што повеќето момци го кажуваат кога ќе бидат фатени во неверство. Ако дечкото има храброст да спие со друга девојка додека е со вас во врска, бидете сиурни дека тоа и порано го правел и дека тоа ќе го направи повторно.

„И ти ме изневери"

Ако и вие сте го изневериле дечкото, тоа секако не му дава право да ви враќа со иста мерка. Кога дознал за неверството можел

да ве остави или да ви опрости, а не тоа да му послужи како изговор за да може и тој да ве изневерува.

Коментари

Популарно