Облачно и без врнежи се до петок

ykmdxgyf_0Денеска е четврток, 4 декември, 338-от ден во 2014 година. До крајот на годината остануваат уште 27 дена.

Денот трае девет часа и 20 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и 43 минути, а заоѓа во 16 часот и три минути.

Месечината изгрева во 14 часот и 53 минути и заоѓа во четири часот и 14 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде облачно, стабилно и без врнежи.

Утринската температура ќе се движи од пет до 10, а дневната од девет до 13 степени.

Во Скопје времето утре ќе биде облачно, со утринска температура до осум и со дневна до 12 степени.

Од петок попладне земјава ќе потпадне под влијание на нов влажен бран од Медитеранот кој ќе продолжи и во текот на продолжениот празничен викенд. Температурите за време на викендот благо ќе опаднат.

Коментари

Популарно