Еве кој ќе ги забавува скопјани за Нова година?

Есма Реџепова, Наум Петрески, Сузана Спасовска, Куку Леле, Ерик Фокс и Симона, Даниел Кајмакоски, Дани Димитровска ќе бидат дел од пејачите кои ќе ги забавуваат скопјани на дочекот на новата 2015 година, а точно во 12 часот пред граѓаните ќе пее Елена Ристеска.

skopje-plostad-nova-god-2011-659thtrhtrhtr

За првпат годинава новогодишната забава ќе започне неколку дена порано од 25 до 31 декември ќе има новогодишен волшебен парк со распеани елки, Дедо Мраз, детски работилници и маркет со продажни активности.

Волшебниот парк ќе биде поставен во жена паркот „Борец“ и ќе биде отворен секој ден од 11 до 21 часот. Во него ќе биде поставена и мала бина на која ќе пеат детски и возрасни хорови и други диџеји и бендови.

Освен тоа годинава за првпат ќе биде организирана и Санта Ран трка која ќе се одржи на 28 во недела со почеток во 12 часот. За оваа цел ќе бидат обезбедени 500 Дедо Мраз костими.

Генерален спонзор на активностите за дочекот на  Новата 2015 година се Македонски телеком и Т-мобиле.

Коментари

Популарно