Видео: Работниците на "Епл" исцрпени - заспиваат работејќи

БиБиСи објави снимка за шокантно тешките услови за работа во кои работниците во кинеските фабрики гин склопуваат деловите за производите на „Епл“.

epl

Иако „Епл“ вети дека ќе ги заштити работниците кои ги составуваат производите на компанијата, најновото видео на БиБиСи ја покажува суровата реалноста на ескплоатацијата. Краткиот филм во тајност е снимен во фабриката Пегатрон во околината на Шангај и ги прикажува работниците на производната линија на „iPhonea 6“ кои работат во смени од 12 до 16 часа, а скриениот новинар на БиБиСи работел 18 дена по ред и покрај тоа што барал слободен ден.

Другиот новинар од замор неможел ниту да јаде – секој момент на одмор го користел да се одмори од стресот, а филмот токму тоа го прикажува: работници кои за време на работа од преголемиот замор паѓаат во сон. Катастрофалните услови за работа во кинеските фабрики за прв пат беа истражувани пред четири години, кога 14 работници на „Foxconn“ (најголемиот снабдувач на „Епл“) извршија самоубиство, а „Епл“ денеска тврди дека превзема се за да ги заштити работниците во фабриките. Погледнете го видеото:

Коментари

Популарно