Какво време не очекува денеска, а какво до крајот на неделата?!?

Продолжува периодот на променливо облачно време со локален повремен дожд, а на планините и на некои повисоки места со повремен снег. Овие врнежи ќе бидат со слаб интензитет.

losho-vreme1

Во Македонија денеска не очекува е променливо облачно со повремен локален дожд, а на некои повисоки места ќе има повремен дожд и снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од два до 10 степени.

Во Скопје слично време, претежно облачно со дожд со слаб интензитет и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до шест степени.

Извесно стабилизирање на времето се очекува во понеделник поради продор на постуден воздух од север. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Коментари

Популарно