Македонските ракометарите пристигнаа во Скопје

Откако ноќта ја поминаа на Истанбулскиот аеродром поради речиси тричасовно доцнење на летот од Доха до Истанбул, македонските ракометни репрезентативци утрово пристигнаа во Скопје. На скопскиот аеродром беа пречекани од мал дел спортски фанови и од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Марјан Спасески.

rakometar-sportmedija-500-500x396

Спасески им посака добредојде и им честиташе за големиот успех и освоеното 9-то место на Мундијалот во Катар, кој е најдобар наш пласман на светските првенства. Им порача дека Македонија е горда на нашите спортски херои и дека младите се поистоветуваат со нив и ги сметаат за свои спортски идоли.

Сега вниманието ќе биде насочено кон Европското првенство во Полска, каде се уште постојат шанси за обезбедување учество на квалификацискиот циклус за настап на Олимписките игри во Рио Де Жанеиро во 2016 година.

Коментари

Популарно