Тијана го прошета зетот низ белградските клубови

Познатата пејачка Тијана Дапчевиќ викендов ги пречека на гости Тамара Тодевска и нејзиниот свршеник, поранешниот кошаркар Александар Димитровски - Мачка, кои завршиле во еден белградски клуб каде што останале до раните утрински часови.

tamara-bg1

Како што јавува српски Курир, двете сестри и Александар цела вечер пиеле коктели и се забавувале. Тамара и Александар планираат венчавка на пролет, а Дапчевиќ била воодушевена со зетот со кој сака да наздравува.

Коментари

Популарно