Шокантна исповед на српска пејачка - "За малку ќе ме продадеа како бело робје"

Пејачката Гога Секулиќ открила дека пред 15 години, буквално била заробена во Турција и малку фалело тогаш да заврши како бело робје.

hitportal-goga-sekulic1ujmktki76i7ik

Секулиќ во 2000 година ја напуштила Србија со желба да направи кариера како модел, но патот, неместо фотографирање за насловни страни и реклами бил сосема друг.

Отидов во Турција бидејќи верував дека се работи за сигурна работа, кастинзи и фотографирање. Првите недела дена делуваше дека се ќе биде во ред. Но другата недела менаџерот ни ги одзеде пасошите. Не држеше затворени во стан. Јадевме она што беше останато во фрижидерот, изјавила Гога за српски магазин.

Немавме никаков контакт со светот. Не беше можно никого да го повикаме бидејќи мобилни телефони тогаш немавме. Девојките почнаа да паничат, некои паднаа во депресија, но јас одлучив да се борам за својот живот.

Секулиќ одлучила да побегне, не само од станот, туку и од Турција.

Се карав со менаџерот. Единствено јас бев арамбаша. Не ми беше сеедно, но некој мораше да се спротивстави. Не ми вредеше тоа многу. Затоа одлучив да ја разбијам вратата од станот исефот во кој беа пасошите. Успеав да побегнам со девојките од тој пекол.

Извор: Вистина

Коментари

Популарно