ФОТО: Ја знаете ли оваа жена? - Jа снимија како краде од ташна во скопски Сити Мол

Со црно капутче, црна сукња и црни чизми- пристојно облечена жена во средни години стои покрај детска количка. Последно на кое ќе помислите гледајќи ја оваа фотографија е дека оваа жена краде додека мајката на детенцетос еднато во количката избира парче детска облека.

dv321

Се наведнав заедно со вработената да сменам број на фустанче, она се уптува кон мене, собира по пат фармерки со кои си ја крие раката, се доближува и за 2 секунди го отвара детскто ранче закачено на количката, го зима само новчаникот, ги остава фармерките и си оди. Се на се, со грб бев завртена десетина секунди, сведочи жртвата на оваа кражба.

Случајот веднаш бил пријавен во полиција па сега оваа снимка од камерите во трговскиот центар ќе биде главен адут за нејзино пронаоѓање

Од МВР ја потврдуваат инормацијата.

Бројот на вакви кражби како да држи своја константа. Од полицијата велат дека во изминатиов месец бројот на вакви дела не бил мал но не се разликувал дрстично од просекот во целата година.

Трговските центри особено во екот на сезонските попусти се како плодна почва за џепчиите. Познавачите советуваат да нес е носи поголема сума пари во кеш, паричникотда се држи во видно поле а во негое да не се носат ливчиња на коис е впишани пиновите од кредитните картички.

dv3213

Безбедносната камера на еден скопски трговски центар го уловила моментот кога оваа жена од ранчето закачено на количката успева да украде новчаник полн со пари и документи.

Целиот настан трае само неколкус екунди а сведоштвото на мајката објавено на социјалните мрежи е предупредување до сите оние кои во овие денови на попусти безгрижно шопингуваат со своите деца

Коментари

Популарно