Ова е најкористениот телефон кај дилерите на дрога

Истражувањето направено во Велика Британија покажало дека еден застарен модел на Нокиа е сеуште многу баран на пазарот и тоа од специфична демографска група

1

Криминалците, поточно дилерите на дрога во оваа земја го преферираат моделот Nokia 8210. Се прашувате која е причината?

Пред се, ова не е паметен телефон, кој поседува GPS врска и со тоа не може да биде следен преку сателит. Исто така, недостатокот на Wi-Fi или Bluetooth конекција ја отежнува работата на полицајците за да превземат информации од уредот. Телефонот поседува Infrared врска, а недостатокот на апликации е предност - нема да ви ја цедат батеријата и таа може да издржи до неколку дена.

„Новите телефони се одлични, но имаат премногу пропусти кои и дозволуваат на полицијата да ги следи. Сите дилери што јас ги знам поседуваат стари Nokia телефони, а моделот 8210 е фаворит, бидејќи е мал и батеријата издржува најдолго од сите други. Кога започна да се продава, беше најдобриот телефон на светот, но тогаш немав пари да си го дозволам. Сега имам четири.“ - вели K2, дилер од Лондон.

Коментари

Популарно