Вардар го посрами Рајн Нехар во Германија

Рајн Нехар 27-35 Вардар

foto3-450-

Дербито на колото во ракометната лига на шампиони, мечот што решаваше коој ќе го освои второто место во групата, меѓу Рај Нехар и Вардар, воопшто не беше дерби. Иако германците беа апсолутни фаворити, Вардарците го одиграа мечот на сезоната и го посрамија германскиот состав.

Уште од самиот старт Вардар тргна одлично, па за само неколку минути имаше предност од 3-0 и подоцна 5-1, по што се виде дека ова ќе биде црно црвеа вечер. Напразно беа тајмаутите и промените на играчи во составот на домаќинот. Ништо не помагаша, па ни сомнителните судиски одлуки во нивна корист.

Вардар на полувреме замина со +8, а највисоката преднос од дури 11+ ја имаше во вториот дел. Потоа следеше опуштање , па германците не доживеаа катастрофа, иако и пораз со 8 разлика на домашен терен не е далеку од тоа.

Целиот состав на Вардар одигра одличен меч, но ако мора да издвоиме некого, тоа би биле Караџиќ, Дибиров, Штебик...

Коментари

Популарно