Колкав е просечниот пенис?

Иако повеќето од истражувањата покажале дека големината на машкиот полов орган не е многу важна за женското задоволство во сексот, мажите и понатаму ги интересира во која група е нивната „гордост“. Затоа една интернационална студија која проучувала 15.000 пениси, дошла до одговор на прашањето: „Колку долг и дебел е просечниот пенис?“. Резултатите ќе израдуваат многу мажи кои ќе можат да кажат дека нивниот пенис е поголем од просечниот.

271647-pants

Науката конечно пронашла одговор: за време на ерекција просечниот пенис е долг 13.12 центиметри, додека во обем има 11.66 центиметри. Кога е спуштен, долг е 9.16 центиметри, а во обем има 9.31 центиметри.

Овие бројки треба да ги „разубедат повеќето мажи дека големината на нивниот пенис е просечна“, велат британските истражувачи кои ги собрале податоците од студија во која учествувале 15.000 луѓе.

Многу мажи кои мислат дека имаат мал пенис ќе бидат охрабрени од овие резултати. Некои мажи се толку многу опседнати со тоа, што стануваат асоцијални и опсесивни, паѓаат во депресија и стануваат склони кон самоубиство.

Само 2.28% од мажите имаат исклучително мал пенис, а оваа статистика е речиси идентична кога станува збор и за големите пениси.

Најмладите учесници во оваа студија имале 17 години, а најстарите биле на возраст и до 91 година. Тимот открил дека не постои разлика во големината на пенисите меѓу расите, а не била најдена ниту поврзаност меѓу бројот на обувки и големината на пенисот.

Како што велат истражувачите, оваа информација може да ги утеши мажите кои се загрижени поради големината на пенисот и да ги спушти на земја оние кои се уверени дека се надарени.

Коментари

Популарно