Mакедонија под врнежи од дожд и снег!

54313Денеска е четврток, 5 март, 64-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 301 дена.

Денот трае 11 часа и 22 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и пет минути, а заоѓа во 17 часот и 27 минути.

Месечината ќе зајде во пет часот и 39 минути а повторно изгрева во 17 часот и 24 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Преку денот ќе дува засилен јужен ветер. Пообилни врнежите ќе бидат во попладневните часови и ноќта према петок кога локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен воден талог. На некои повисоки места врнежите од дожд ќе поминуваат во снег особено во северните и западните делови на земјава. На планините се очекува зголемување на снежната покривка за околу 20 сантиметри.

Утринската температура ќе се движи од еден до седум, а дневната од пет до 10 степени.

Во Скопје времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и засилен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Коментари

Популарно