И Харис удри по X-фактор, падна и некоја клетва

Револтирани од односот кој продукцијата на „Икс­фактор“ го имала кон нив, финалистите од првата сезона по социјалните мрежи го искажаа својот гнев. По Фифи, кој во долг статус го раскажа своето лошо искуство со „Икс­фактор“, на „Фејсбук“ револтот го покажаа и босанските натпреварувачи, Илма Карахмет и Харис Чато.

haris-chato-600x360

На продукцијата Х Фактор срдечно и заблагодарувам за бришењето на сите снимки од Јутјуб. Ако, добри пари заработивте на нас, ни ветивте ѕвезди, песни, спотови и се останато што ние никогаш не го добивме. А мислам дека сега дојде време вистината да излезе на виделина. Продукцијата Х Фактор така добро не искористи нас учесниците, што ние не сме ни свесни за тоа. Само еден пример е „турнејата“ која ни беше ветена, па на крај беше само Скопје. Од

НАШАТА заработка на концертот во Скопје добивме еден мал процент од типот на 0,1%. Никогаш немам доживеано поголема гадост во животот од ова. Толку многу имам да кажам, а толку малку нерви… ФУЈ, ФУЈ, ФУЈ, ФУЈ, ФУЈ… Да даде Господ да ви изгори студиото – напиша Харис на „Фејсбук“.

Коментари

Популарно