Што кога ќе завршат „бомбите“?

По неколку месечна најава и 30 дневна тензија, се потсмири тензијата околу „бомбашките“ напади на СДСМ или „Пуч“. Големото „финале“ во Универзалната сала и не беше толку големо колку што опозицијата сакаше, па атмосферата пополека се враќа во нормала. Иако Заев не планира да престане да објавува прислушкувани разговори, кулминацијата помина, па сега го очекуваме расплетот. Токму таа тема сакам да ја разработам, бидејќи секој настан е важен колку и промените кои ќе ги предизвика.

_sdsm-dpmne

На својот митинг во Универзална сала Заев побара оставка на Владата и формирање на заедничка времена Влада која би ги организирала следните предвремени избори. Засега од ВМРО нема позитивен одговор, наротив за Владата ниту предвремените изботи не се опција. Како и да е, избори ќе има. Покрај судските постапки во кои ќе се докажува кој кого прислушкувал и кој бесправно објавувал туѓи разговори, кризата во Македонија (вештачки наметната или не) ќе мора да се решава и политички. Со времена Влада или не, со надворешна интервенција или самостојно, предвремени или за 4 години од последните, избори ќе има, а на нив народот ќе пресуди кој треба да ја води државата. И како и секогаш досега во самостојна Македонија, и на тие избори Македонците ќе имаат две опции пред себе. ВМРО и СДСМ со нивните коалиции.

1. СДСМ да победи на следните избори.

По 9 изборни порази СДСМ и овој пат влегува со негативна кампања. Едиснтвената разлика е што овој пат опозицијата реши победата да ја бара на досега во светот невиден начин. Свесно кршејќи го законот со објавување на прислушкувани приватни разговори на функционери и новинари. И сега, како и при последните неколку избори СДСМ нема програма, нема проекти, нема дури ни ветувања. Освен реториката дека кога тие ќе дојдат на власт се ќе биде подобро и демократијата ќе се врати, опозиционерите не покажаа ништо. Не кажаа дури ни како ќе ја вратат демократија. Од првата бомба на Заев поминаа повеќе од 30 дена во кои тие секојдневно се на ТВ, но ниту еднаш не зборуваа за нивниот план за Македонија, а камо ли за проекти за подобар живот на народот. Се што опозицијата поседува како кадар, интелект, способност за анализа и акција, потроши да ни покаже колку Владата не чини. Колку ВМРО е лош за Македонија, надевајќи се дека ако народот реши да ја симне сегашната гарнитура од власт, таа по дифолт ќе им припадне нив. Од таму е многу тешко да се претпостави што точно ќе се случи ако СДСМ победи на следните избори. Опозиционерите се толку фокусирани на Владата и полни со гнев, што веројатно и немаат план што да прават ако случајно ја добијат власта. Ако на сево ова се додаде дека при хипотетичка победа на СДСМ, истата нема да биде изразена со огромна разлика, па ВМРО ќе биде силна опозиција, многу е реално владата на СДСМ да не трае повеќе од 1-2 години и поворно да се замине на предвремени избори.

2. ВМРО повторно да ги добие изборите и довербата на народот

Анкетите покажуваат дека ВМРО и по „бомбите“ има огромна предност пред СДСМ и дека речиси воопшто не загуби од довербата кај народот. Дел од ова може да се препише на негативната кампања на СДСМ, дел на слабата разорна моќ на „бомбите“, дел на потезите кои Владата ги повлече од почетокот на кризата... Како и да е, народот сеуште верува дека најдобра опција во моментов е ВМРО. Затоа и не би ме зачудило ако Груевски и по следните избори добие мандат за Влада. Можеби победата нема да биде изразена со 60+ пратеници, но стабилна влада функционира и со 50. Ако ова се оствари и ВМРО остане на власт, Груевски уште еднаш ќе добие зелено светло за политката која ја спроведува. Можеби поради бомбите ќе треба да направи некои кадровски промени во главните носители на извршната власт, но политиката нема да се смени. Без разлика дали истата ви се допаѓа или не, мнозинството во Македонија досега ја препознава како победничка. Лошата вест е дека при ваков исход Македонија ќе остане без опозиција. Без разлика колку пратеници СДСМ ќе освои, Заев и следбениците ќе останат без никаков кредибилитет. Ова не е лошо само за симпатизерите на партијата во опозиција, туку за цела Македонија, бидејќи колку е да е добра една Влада, на истата и треба и силна опозиција.

Како и да е, кој и да победи Македонија изгуби углед во Меѓународната заедница. Сепак, не е се така црно. Иако поделен на тотално спротиставени страни, народот во Македонија покажа дека може да се носи и со вакви сценарија. Мирно и без ниеден инцидент. Тоа е за поздравување.

Автор: Пацифист

Коментари

Популарно