Дали и денеска ќе врне?

utre-proletni-temperaturi-218402Денеска е понеделник, 30 март, 89-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 276 дена.

Денот трае 12 часа и 33 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 22 минути, а заоѓа во 17 часот и 55 минути.

Месечината ќе зајде во два часот и 38 минути, а повторно ќе изгрее во 13 часот и 25 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален дожд. Во западните делови ќе дува умерен, на моменти засилен ветер од југозападен правец.

Температурата од 8 до 19 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми и ќе има слаб локален дожд.

Температурата ќе достигне до 16 степени.

Коментари

Популарно