Претпладне сонце, попладне дожд

ПролетДенеска е среда, 1 април, 91-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 274 дена.

Денот трае 12 часа и 38 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 19 минути, а заоѓа во 17 часот и 57 минути.

Месечината ќе зајде во три часот и 41 минути, а повторно ќе изгрее во 15 часот и 18 минути.

Временска прогноза

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне облачноста ќе се зголеми и во западните и северните делови ќе има слаб локален дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се движи од два до девет, а дневната од 10 до 18 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде умерено облачно, а попладне со повремен слаб дожд и со умерен до засилен северен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 13 степени.

Во следните денови времето ќе биде сончево со умерена облачност и релативно топло.

Коментари

Популарно