Вистински среќници - втор пат добија милион на лотарија

Британската брачна двојка Дејвид и Катлин Лонг добија по вторпат награда од милиони фунти на лотарија, иако шансите за тоа се 1 наспроти 283 милијарди, објави во средата лотаријата.

Screen-Shot-2015-04-01-at-8.36.20-PM

Сопружниците Лонг првпат ја освоија сумата од милиони британски фунти на националната лотарија во 2013 година, но продолжиле да ги купуваат лозовите и повторно минатата седмица „ги стрефила“ среќата.

„Едноставно знаев дека еден ден повторно ќе дојде редот на мене. Сето тоа се случи и навистина не можеме да поверуваме“, изјави Дејвид пензиониран возач на камиони.

„Станува збор за невообичаена ситуација во којашто некој имал толку среќа да ја освои премијата двапати“, изјави портпаролот на компанијата „Camelot“, којашто ја приредува Британската национална лотарија.

Коментари

Популарно