Уживајте во сончевото време уште денес, од утре...

prolece-600x480-550x300Денеска е четврток, 2 април, 92-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 273 дена.

Денот трае 12 часа и 41 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во шест часот и 17 минути, а заоѓа во 18 часот и 58 минути.

Месечината ќе зајде во пет часот и 10 минути, а повторно ќе изгрее во 17 часот и 14 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец, особено долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од девет до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време со утринска температура до два и дневна температура до 13 степени.

Во петок ќе се задржи сончево време со умерена облачност, а од сабота попладне ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Температурата ќе се движи до 18-тиот степен.

Коментари

Популарно