Мојата идеална комбинација

stock-footage-beautiful-woman-using-a-laptop-sitting-on-the-bed

Развлечена пижама, разбушавена коса и компјутер во мојот скут. Да тоа е мојата идеална комбинација за дома. И додека денот минува како луд јас сеуште сум во таа идеална комбинација за домашен комфор, која ми е поудобна од нај скапиот мебел на светот. Да , тоа е мојата идеална комбинација, што го опишува мојот стил, мојот карактер, моите емоции. Слободен, отворен, не упадлив, не обидувајќи се да му се допадне некому. И додека ноќта влегува во собата сеуште е таа уметничка слобода, која некои ја разбираат, некои ја осудуваат, а сите тајно ја посакуваат. Ја посакуваат тие, но не и нивните болни мисли кои струјат 200 вати во минута- РАСКРЕНИ, ШТО ЌЕ КАЖАТ СОСЕДИТЕ. За нив имам ретка полова болест, едноставно ме боли женскиот полов орган за мислењето на другите. Да и оние нај блиските што доаѓаат на посата, ма ебете се сите ебете се каде сакате, со кого сакате само напуштете ја мојата идила, мојата романска која ја имам со креветот, компјутерот, чашата со кафе во која има талог од кафињата кои се ставаат на секој 3 часа и со пепељарата во која ми се смешкаат многуте пикавци, говорејќи секоја своја приказна која ја дознава од мојата уста. Зачадено е,?, мириса на бајато? Да така е, мојата просторија е загушлива, не поднослива, а вие драги пички кои влегувате во неа излезете. Во неа само остануваат нај моќните, нај издржливите, нај борбените. Се сложувам со вас. Ретко кој може да го поднесе мирисот на цигарите кои удира во ноздеите, ретко кој може да го слушне звукот на вистината изговорен од мојата уста, тој удира во главата, прави мозочен удар за тие што се прават дека имаат мозок. А сега доста ви се комплименти, исчистете се од собата како прашина, исчистете се затоа што инспирацијата ми доаѓа на гости .

Испратено од Даниела Ангелова

Коментари

Популарно