Подгответе се за пороен дожд!

4D01DC38EFF8B050D2D3BFBB540E9203Денеска е сабота, 25 април, 115-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 250 дена.

Денот трае 13 часа и 44 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 40 минути, а заоѓа во 19 часот и 24 минути.

Месечината ќе зајде 58 минути по полноќ а повторно ќе изгрее во 11 часот и 20 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на краткотраен пороен дожд освен во јужните и источите делови од земјата. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде променливо облачно. Претпладне ќе има услови за краткотраен дожд, а преку денот ќе дува слаб претежно јужен ветер.

Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Во недела и во понеделник претпладне ќе потрае период на преодно стабилизирање на времето, а од понеделник попладне ќе има повремени врнежи од дожд. Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд и појава на грмежи.

Коментари

Популарно