Фото: Запознајте ја првата дама на Катар

Кога ќе помислите на современа аристократија, жената која денес можеби најмногу го отелотворува поимот кралица е катарската прва дама Sheikha Mozah Bint Nasser al-Missned. Втората по ред сопруга на Емирот од Катар, Шеика Мозах, е една од неговите три жени, но со своето образование, амбициии и својата безвременска убавина таа се истакнала како број еден во животот на еден од најбогатите луѓе во светот.

dama

Таа е љубовта на Емирот и жената која е заслужна за модернизацијата на Катар. Од многуте современи припадници на аростократијата, сопругата на Емирот е една од ретките која изгледа како да е родена за таа улога. Кога Шеика Мозах е во околината, секогаш можете да очекувате гламур, стил и софистицираност. Таа изгледа како да излегла од холивудските филмови од 50-тите, а ќе ја препознаете по раскошните модерни креации и убавите турбани, кои станале нејзин заштитен знак.

dama1

Со оглед на тоа дека го прати Емирот на сите службени посети, светската јавност почнала да се интересира за нејзиниот стил на облекување. Таа е една од најубаво облечените жени во светот. Во сопственост нема само полн плакар скапи предмети, туку на подарок од својот сопруг добила и удел во Tiffanyju te Louis Vuitton Moet Hennesy кој ги обединува најлуксузните модни брендови како Диор и Живанши.

dama2

Таа е веројатно единствената личност во светот која секој ден, 365 дена во годината, ги поминува во модерни фустани. Во нејзината колекција на скапи креации се наоѓаат парчиња со потписот на Шанел, Диор, Стефан Роланд, и поготово модната куќа Валентино.

dama6

Нејзиното Височество Mozah al-Missned купува парчиња кои просечно чинат од 20 до 30 илјади долари, а нејзините специјално дизајнирани парчиња неретко достигнуваат цена од 100.000 долари. Само еден поглед на оваа убава интелигентна и амбициозна жена е доволен да заборавите на сите холивудски ѕвезди на црвениот килим, поради што ужива статус на вистинска ѕвезда во светот на политичарите, кралевите и првите дами.

Шеика Мозах е многу повеќе од безвременска убавица, стилска икона и мајка на престолонаследник. Таа е активно вклучена и во работата на катарската влада, го придружува Емирот на сите службени посети ширум светот, дипломирала социологија, а активно е вклучена и во работата на бројни организации. Жената која поседува седум почесни докторати направила многу за едукација, како за Катар, така и за другите земји во регионот.

Извор: Вистина.мк

Коментари

Популарно