Најтопол ден во годината, постудено време од...

cel-den-sonce-255384Денеска е вторник 5 мај, 125-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 240 дена.

Денот трае 14 часа и девет минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и 26 минути, а заоѓа во 19 часот и 35 минути.

Месечината ќе зајде во 6 часот и 23 минути, а повторно ќе изгрее во 20 часот и 56 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.

Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 25 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 30 степени.

Во среда ќе се задржи претежно сончево и уште потопло време со дневна температура во интервал од 25 до 33 степени.

Во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање.

Коментари

Популарно