Демонстарации во Косово: Ослободете ги уапсените во Куманово!

500-600 лица протестирале пред зградата на владата во Приштина и барале ослободување на затворените терористи кои ја нападнаа Македонија, односно Куманово.Демонстрантите носеле албански знамиња и плакати на кои било напишано: „Да се ослободат нашите момчиња“, „Нашите момчиња се ослободители“, „Да се заштити достоинството на браќата во Македонија“, „Вратете ги нашите момчиња“ итн. 

621C0A3A1435054AAB803C9677E4FFB9

На протестот се приклучија и поранешни припадници на Ослободителната војска на Kосово (ОВK), соборци на некои од уапсените во Македонија, а порталот „Ин фокуси“ пренесе дека присутни биле и неколку пратеници.

Таулант Гаши, еден од роднините на уапсените во Kуманово, истакна дека бараат од косовските институции да земат информации и да ги расветлат случувањата во Македонија. Тој истакнал дека поради нечовечното третирање, било невозможно идентификување на жртвите. Гаши истакнал и дека е револтиран од изјавите на раководителите на косовските институции, кои некои од учесниците во инцидентот во Kуманово ги нарекле терористи. Според него, тие се борци за слобода, кои се ангажираат за подобрување на достоинството на Албанците, каде и да се, вклучувајќи ги и тие во Македонија.

Џавит Јашари од организациите на ветераните на борбата истакнал дека оние што загинале во Kуманово се паднати борци.

Братот на Мирсад Ндрецај изјавил дека тој дошол во Македонија за да се бори за правата на Албанците, а не за пари.

Роднините на оние што го загубија животот во судирот со полицијата во Kуманово побараа враќање на телата, кои с` уште се во Македонија. Тие исто така тврдат дека нивните роднини што се уапсени во Kуманово, се малтретирани, пренесе косовски „Бота сот“.

- Ние веќе не можеме да го поднесеме овој психички притисок. Барем да ни ги вратат телата. Од косовската влада бараме да побара што побрзо враќање на телата на убиените, да се ослободат уапсените и да се знае што се случило со оние што исчезнаа. Ако ги убиле, треба да знаеме што направиле со нивните тела – истакнува Селвије Шеху, сестра на еден од уапсените, за „Ал Џезира“.

„Во интерес на Kосово и регионот е стабилна Македонија“

Kосовскиот премиер, Иса Мустафа, истакна дека е во интерес и на Kосово и на регионот во Македонија да има стабилност, пренесе косовска „Kоха диторе“.

- За случајот во Kуманово никогаш не сме сметале дека Kосово било дестабилизирачко – истакна Мустафа.

Коментари

Популарно