Претпладне сонце, но поладне....

grmoteviciДенеска е петок, 22 мај, 142-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 223 дена.

Денот трае 14 часа и 44 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и осум минути, а заоѓа во 19 часот и 52 минути.

Месечината ќе изгрее во девет часот и седум минути, а ќе зајде во 23 часот и 34 минути.

Временска прогноза

Времето претпладне во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер особено во северните и источните делови.

Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 23 до 30 степени.

Во Скопје времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 28 степен.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во сабота ќе дува умерен наместа и засилен јужен ветер, додека во недела во попладневните часови во западните делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Коментари

Популарно