Познатиот српски актер Драган Николиќ во критична состојба

Великанот на српската актерска сцена Драган Николиќ (71) ја пребродил кризата и почнал самостојно да дише, по што бил симнат од апарати, пишува српски „Ало“.

dragaaaaan

Николиќ и понатам е во тешка здравствена состојба, но лекарите успеале да му помогнат да ја преброди кризата. Актерот веќе некое време боледува од тешка болест.

Николиќ во февруари годинава бил операриран на Клиниката за дигестивни болести во Клиничкиот центар во Белград, а во болница беше примен поради проблеми со дигестивниот тракт и во октомври 2014 година.

Коментари

Популарно