Убиен сопстеникот на Пинк такси - изрешетан додека излегувал од автомобилот

Уште едно крваво убиство ја потресе Србија. Синоќа бил убиен косопственикот на српското Пинк-такси, Теодор Гачеша, познат како Теди, во моментот кога излегувал од својот автомобил.

teodor-gacesa-tedi-pink-taksi-suvlasnik-ubijen-ubistvo-uciteljsko-naselje-1432334091-665173yjytjtt

Според податоците на српски Курир, Теодор го паркирал својот Мерцедес и излегувал од него, во моментот кога бил изрешетан. Како што вели сведок на настанот, Теди излегол од кола и се упатил кон кафуле каде го чекале пријателите, кога двајца напаѓачи отвориле оган кон него, па откако тој паднал на земјата, веднаш избегале од местото на убиството.

Косопственикот на такси-компанијата бил усмртен со два куршума во главата и еден во рамото. Инаку, тој е разведен и е татко на три деца. Масакрот се случил во близина на училиште. Засега не се познати мотивите за убиството. Истрагата е во тек.

Коментари

Популарно