Фото: Нови поплави во Хрватска

Поројните дождови во Хрватска предизвикаа поплави на неколку места во околината на градот Копривница во северниот дел на земјата, а во околината на Вировитица, исто така на север синоќа беа регистрирани околу 2.500 грмотевици во период од два и пол часа.

pop1_835892S1

Во тој регион е сопрено движењето на некои од локалните патишта, а автомобилите се пренасочуваат кон побезбедни патишта. Поплави има и во североисточниот град Вараждин, каде повеќе од 30 часа врне пороен дожд.

Koprivnica, 23.05.2015 - Zbog velike kolicine kise koja je padala sinoc doslo je do izlijevanja potoka Koprivnica

Четири од локалните патишта во тој регион се затворени за движење. Запрено е и движењето на возовите, а патниците се превезуваат со автобуси. Во крајбрежната област на Далмација поради засилен ветер воведено е строго ограничување на брзината на автопатопт А1.

Koprivnica, 23.05.2015 - Zbog velike kolicine kise koja je padala sinoc doslo je do izlijevanja potoka Koprivnica

Коментари

Популарно