Подгответе се за дожд и грмежи!

UntitledДенеска е понеделник, 25 мај, 145-от ден во 2015 година. До крајот на годината остануваат уште 220 дена.

Денот трае 14 часа и 49 минути.

Сонцето во Скопје изгрева во пет часот и шест минути, а заоѓа во 19 часот и 55 минути.

Месечината ќе зајде 44 минути по полноќ а повторно ќе изгрее во 11 часот и 59 минути.

Временска прогноза

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб, во западните делови умерен западен ветер.

Температурата ќе се движи од 15 до 28 степени.

Во Скопје и околината слично време со температура до 25 степени.

Коментари

Популарно