Фото: Едвај останала жива, а денес е инспирација за многумина

Животот на Кели Менсел изгледа како приказна од некоја животна драма. Кога имала само 17 години, Кели настрадала во тешка сообраќајна несреќа. Додека се возела во зафрлените делови од јужна Австралија, заспала зад воланот, а автомобилот неконтролирано излетал. Кога конечно ја ослободиле, итно ја превеле во болница.

1171069277617855748160644790233n

Откако недела дена била прикована за креветот, членовите на нејзиното семејство одлучиле да ја одведат на одмор, за да заборави на несреќата. Не можеле ни да претпостават дека ќе се случи уште поголема несреќа. Кели со татко и отишла да скија на вода, но бродот на нејзиното семејство не сакал да сврти. Одеднаш експлодирал и завршил во пламен.

10899575352017788335190377863047n

"Се сеќавам дека огнот ми влегуваше во очи и се што можев да направам беше да ги затворам. Пробав да скокнам од бродот, но се лизнав. Погледнав зад себе за да го видам татко ми, но видов само дека нозете ми горат. Вриштев без престан", раскажува Кели. Во болница поминала многу време, а и после заминувањето дома долго време заздравувала од изгорениците по целото тело.

924187643543022334248224315399n

"Морав повторно да учам да одам. Не смеев да излегувам на сонце две години, па бев покриена од глава до пети и носев чадор за сонце. Луѓето зјапаа во мене, посебно поради тоа што кожата ми беше розова, а немав ни коса ни веѓи", вели таа.

1101554415896692046092151353588798n

Многу и помогнал и нејзиниот татко кој бил со неа за време на несреќата. "Заедно поминувавме низ тоа и ниту еднаш не помисли на себе. Секогаш ќе му бидам благодарна за помошта, љубовта и нежноста за целото тоа време". Денес, 22 годишната Кели студира фитнес и нутриционизам и работи како личен тренер. Нејзиниот профил на Инстаграм е полн со инспиративни објави за грижата за себе, фитнесот и позитивноста.

1093264114035303699503141229601252n

Коментари

Популарно