Терористите доаѓаат на Балкан: Еден од најпознатите џихадисти во светот купил имот во БиХ

Харун Мехчевиќ, викан Абу Талиха, кој го води Центарот за исламски студии Ел – Фуркан во Мелбурн, а претставува најголем безбедносен проблем за Австралија, неодамна купил земјиште во селото Ошвама во БиХ, од каде потекнуваат и голем број борци на ИД во Сирија и Ирак, пишува српски „Курир“, повикувајќи се на босански медиуми.

isisisis

Мехчевиќ инаку е роден во Мостар во 1972 година под името Ален. Две години наназад австралиската полиција се обидува да докаже дека тој е поврзан со тероризмот, односно дека дава поддршка за ИД и врбува војници за џихад во Сирија. Тој купил 20 ара земјиште во селото Ошвама, а познат е и како некогашен посетител на вахабистичката заедница во Горна Маоча. Мехчевиќ инаку во Мелбурн собрал група верници, млади следбеници на кои им говорел дека треба да ги „мразат неверниците“, а сега се подготвува да пристигне во БиХ.

Земјхиште во истото село имаат купено и неговиот близок соработник Јасин Ризвиќ, кој во моментов е на боиштата во Сирија, како и Исмир Хадровиќ, познат по нападот врз фестивалот Квир во Сараево во 2008-мата година.

Во ова село во кое пред војната живееле Срби, прв купил куќа Изет Хаџиќ – Жара. Дел од српското население по војната се вратило, а оние што не се вратиле, во последните три години ги продаваат имотите на припадници од вахабистичката заедница.

По Хаџиќ, имоти купиле и емир Алишиќ, Амир Џиниќ, Атиф Нухановиќ, Хамдо Фојница и Адем Карамуја.

Инаку австралиската полиција успела да уапси неколку соработници и следбеници на Мехичевиќ. Пред три години беше уапсен Аднан Карабеговиќ, кој е обвинет за подготовка на терористички напад, а уште едно момче од групата следбеници на Мехичевиќ бил уапсен во текот на овој месец.

Коментари

Популарно