Банкоматите крадат пари: Ако извадите 100 евра ќе загубите околу 500 денари

Една од најпосетуваните летни дестинации за Македонците е Хрвтска, па доколку летово се најдете јадрапот најдобро ќе биде да не вадите пари од банкомат, пишуваат хрватските медиуми.

bank

Според текстовите објавени таму, банкоматите на неколку хрватски банки им обезбедуваат значителен профит на банките така што за едно евро наместо 7,5 куни, колку што е курсот во Хрватска, исплаќаат суми под 7 куни.

Преведено во „наши“ пари, наместо околу 61 денар за евро, исплаќаат околу 56 денари.

Хрватските медиуми велат дека банките вовеле т.н. “динамичен курс“ кој во текот на туристичката сезона ќе им овозможи значителен профит, или на 100 евра, тие ќе заработат околу 500 денари.

Македонските туристи често ја избираат Хрватска како своја дестинација за летниот одмор. Затоа, препораките се да не вадите пари во кеш од банкоматите.

Коментари

Популарно