Полицијата прекинат концерт на познатата балканска пејачка

Настапот на српската пејачка Весна Змијанац бил прекинат од акција на српската полиција во еден белградски ноен клуб синоќа, пишува српски Блиц.

policija500

Четири оклопни возила на српската жандармерија, како и наоружани припадници на оваа служба околу 1 часот по полноќ упаднале во клубот од кој никој не смеел ниту да влезе, ниту да излезе.

По заврсшениот претрес настапот на Змијанац продолжил. Се уште нема официјални информации од српската полиција, но се претпоставуува, според пишувањата на Блиц, дека во прашање се редовни акции за контрола кои се спроведувале низ белградските клубови.

Полицијата пред неколку месеци вршела опсежна проверка на работата на кафулињата и сплавовите.

Коментари

Популарно