Високите потпетици прават чуда

Иако се штетни за нозете и грбот, високите потпетици прават чуда за сексипилот на жените, а овој факт го потврдува и науката. Новата студија на магазинот „Archives of Sexual Behavior“ докажала дека мажите навистина сметаат дека жените на високи потпетици значително се посекси од останатите, пишува магазинот „Тајм“.

2-24-problemi-so-koi-se-soochuvaat-onie-koi-nosat-visoki-potpetici-www.kafepauza.mk_

Авторот на студијата Николас Гуеген спровел три експерименти на идентично облечени Французинки. Сите жени носеле црни здолништа и бели кошули. Исто така сите биле бринети, бидејќи поранешните студии покажувале дека мажите поверојатно е дека ќе и пристапат на блондинка отколку на бринета, за да ја поканат на состанок. Единствена разлика помеѓу жените биле чевлите. Во серијата експерименти, жените ги поставил како мамец пред мажите кои не знаеле што се случува.

Во првите два експеримента, жените носеле рамни чевли, потпетица од 5, потпетица од 9 сантиметри, а за задача имале на улица за помош да прашаат 270 мажи и 180 жени на возраст од 20 до 50 години. Жените кои носеле високи потпетици во овој експеримент имале поголема среќа кај мажите, додека жените биле подготвени да помогнат без оглед на висината на потпетиците.

img7320-650x433

Во втората студија жените со рамни, ниски и високи потпетици имале задача да испуштат ракавица во близина на минувач или минувачка. Истражувачите по 360 примери забележале повторно дека мажите се повеќе подготвени да помогнат на жените во високи потпетици, додека висината на потпетиците немало никакво влијание на жените минувачки.

Уште една студија покажала машка заинтересираност за високи потпетици: истражувачите експериментот од улица го префрлиле во три различни кафулиња, па мереле колку време било потребно 36 мажи да пријдат на овие жени кои седеле сами. Мажите им приоѓале на жените во високи потпетици. Високите потпетици делуваат неверојатно секси, па несвесно се поврзуваат со атрактивни жени. Авторите на студијата заклучиле дека висината на женските потпетици има исклучително моќен ефект на однесувањето на мажите.

Коментари

Популарно