ПЕКОЛ од понеделник!

Времето во Македонија за време на претстојниот викенд ќе биде претежно стабилно и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови можна е изолирана појава на краткотраен дожд повеќе во источните и југоисточните делови од земјава.

Toploten-bran-640x350

Температурата ќе се движи од 26 до 34 степени.

Во Скопје слично време, стабилно и потопло со слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 32 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Од понеделник синоптичарите најавуваат затоплување за неколку степени. Дневната температура во поголемиот дел од земјава ќе се движи од 30 до 39 степени.

Коментари

Популарно